Менструалниот циклус е природен месечен процес низ кој поминува женското тело како подготовка за можна бременост. Тој е контролиран од комплексна интеракција на хормони кои се произведуваат во мозокот (хипоталамус и хипофиза) и во јајниците. Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) го дефинира менструалниот циклус како период што започнува на првиот ден од менструалното крвавење и завршува на првиот ден од следното крвавење.
Иако често се зборува за „стандардeн“ 28-дневен циклус, важно е да се знае дека менструалниот циклус не е ист за секоја жена и може природно да варира.
Според медицинските критериуми, нормалниот менструален циклус обично ги има следните карактеристики:
| Карактеристика | Што се смета за нормално |
| Должина на циклус | 21 – 35 дена кај возрасни жени |
| Времетраење на крвавење | 2 – 7 дена |
| Просечна загуба на крв | 30 – 40 ml |
Крвавењето може да се смета за обилно доколку е потребно менување влошка или тампон на секои 1-2 часа или се користат повеќе од 8 хигиенски влошки дневно.
Кога циклусот не е редовен?
Менструалниот циклус може да варира неколку денови секој месец и тоа сè уште да се смета за нормално. Сепак, нередовен циклус може да вклучува: циклус пократок од 21 ден или подолг од 35 дена, изостанување на менструација повеќе од 90 дена, крвавење помеѓу циклуси, многу обилно крвавење, силни болки што го попречуваат секојдневниот живот.
Нередовниот циклус може да биде поврзан со: стрес или нагли промени во тежината, интензивно вежбање, синдром на полицистични јајници (PCOS), нарушувања на тироидната жлезда.
Обилно менструално крвавење (менорагија) се дефинира како: натопување на влошка или тампон на секој час, крвавење подолго од седум дена, присуство на големи крвни коагулуми, замор или отежнато дишење поради загуба на крв.
Можни причини се: фиброиди или полипи, хормонален дисбаланс, бакарна спирала, нарушувања на коагулацијата.
Кратко или многу лесно крвавење може да биде нормално во одредени ситуации. Најчести причини се: хормонска контрацепција, бременост, стрес или интензивно вежбање, PCOS, пубертет или приближување кон менопауза.
Благите грчеви за време на менструацијата се чести, но силната болка може да укажува на медицински проблем.
Како може да помогне медицинската процена?
Доколку забележувате промени во вашиот менструален циклус – како нередовни менструации, обилно крвавење, силни болки или симптоми на хормонален дисбаланс – навремената медицинска процена може да помогне да се открие причината и да се спречат понатамошни компликации.
Во Клиника „Жан Митрев“, процената на хормоналното и на гинеколошкото здравје се заснова на комбинација од клинички преглед, лабораториски анализи и современа дијагностика.
Клучни прегледи што помагаат во процена на менструалниот циклус се гинеколошки преглед со ултразвук, ПАП-тест и хормонални анализи. Хормоналните анализи се особено важни при проценка на нередовен менструален циклус, синдром на полицистични јајници (PCOS), нарушувања на тироидната жлезда, проблеми со плодноста.
Во рамките на кампањата „Здравје без стигма“, достапни се и специјално креирани пакети за сеопфатна проценка на женското здравје.
За неа – Основа: 8.900 ден.
Пакет што комбинира гинеколошки преглед, ПАП-тест и основен хормонален панел со цел рана детекција на хормонални и гинеколошки промени.
За неа – Баланс: 8.700 ден.
Наменет за жени што се соочуваат со нередовен менструален циклус, замор, промени во телесната тежина или сомнеж за хормонален дисбаланс. Пакетот вклучува проширен хормонален панел, ехо на тироидна жлезда и нутритивна процена.

д-р Јелена Голубовиќ Симјановски, специјалист по гинекологија и акушерство
Информирајте се или закажете преглед на тел. 02 3091 484
Комерцијален текст.
