02:06 - 8 април, 2026

„Се зборува дека имам рак“: Аца Лукас заврши во болница, сега ги откри сите детали 

Српскиот фолк пејач Аца Лукас во интервју за „Информер“ им ставил крај на дезинформациите кои кружат за неговото здравје. Лукас порачал кажа дека е здрав, но дека се соочил со мало воспаление.

Аца Лукас на крајот на јули годинава поради нарушено здравје заврши во Ургентниот центар во Белград. Тој тогаш имал температура над 40, но и покачен ЦРП (протеин во крвта кој реагира со растот во случај на присутен акутен воспалителен процес во организмот).

Лукас досега не сакал да зборува со медиумите за својата здравствена состојба сè досега, кога во интервјуто за „Информер“ открил дека има воспаление на простатата. Освен тоа, во јавноста кружеа гласини дека има рак, што тој сега го демантираше, велејќи дека неговите наоди се одлични, како и дека е целосно здрав.

– Имав воспаление на простатата. Скокнав во базенот каде температурата на водата беше 15 степени и потоа отидов во хотелот бидејќи таму имаше некоја журка. Потоа добив воспаление на простатата – рекол Лукас, па открил дали има некакви последици:

– Слушнав дека имам рак, но навистина немам. Сите велат дека сум болен и дека имам рак, но јас немам, за нечија жалост, а за моја среќа. Многу луѓе ми се јавија да ме прашаат дали сум добро, затоа што некој објавува некоја таква глупава приказна и потоа луѓето се загрижени. Јас сум здрав како дрен. Дали ќе се разболам, не знам. Кога имав воспаление на простатата, ги направив сите прегледи, бидејќи седум дена бев во болница и му благодарам на Господ, немам ништо. Можеби некој би сакал да имам рак, но јас го немам – рекол Лукас за „Информер“.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....