07:50 - 8 април, 2026

Саша Поповиќ заврши во болница, директорот на „Гранд“ во количка

Креативниот директор на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ, поради повреда на ногата заврши во болница, а цело време со него е сопругата Сузана Јовановиќ.

Видно вознемирената сопруга на Поповиќ, Сузана, дала кратка изјава.

– Во болница сум со Саша, ве молам немојте сега – кратко рекла Сузана за српски „Блиц“.

Да потсетиме, како што пренесуваат српските медиуми, Саша доживеал незгода, ја скршил ногата која е во гипс до коленото.

По повод немилата случка, се огласи и „Гранд“ продукција и даде кратка информација за повредата и состојбата на Саша Поповиќ.

„Саша Поповиќ доживеа незгода, кога при паѓање на скалите ја скрши ногата. На Институтот за ортопедија „Бањица“ му беше укажана соодветна помош и му беше ставена лонгета. Тој се чувствува добро и сега е дома. Благодарност до сите за укажаната грижа“, соопштиле од „Гранд“.

Како што дознава српски „Курир“, несреќата се случила во Опатија, а во прашање е десното колено.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....