12:20 - 8 април, 2026

Прва изјава на Маја Николиќ по елиминацијата во полуфиналето на српската Евровизија: Син ми Лазар е разочаран, срцето ме боли

Маја Николиќ не успеа да се пласира во финалето на „Песма за Евровизију“ , што ѝ беше тешко со оглед на тоа што со недели работеше на кампања за нејзината песна „Жали срце мое“.

По второто полуфинале, Маја отиде во соблекувалната да се пресоблече, па дури и кога сите други учесници си заминаа дома, таа не се појави пред медиумите, кои ја чекаа да даде изјава.

Повеќе од еден час по завршувањето на второто полуфинале, Маја реши да излезе пред зградата и да проговори за сѐ.

– Благодарение на вас, ние сме апсолутни победници. Не сум разочарана, се гледа по моето лице. Мојот Лазар е разочаран, срцето ме боли поради него, мене ми е за него жал – рече Маја и продолжи:

– Народот е со мене. Благодарение на отец Елисеј, сите се бореа да издржам, а јас ги молам лекарите да не ми ставаат премногу штрафови. Фала му на Бога што не влегов во финалето, моите момци се мачеа. На РТС не ѝ одговара што Маја има појак маркетинг од нив.

Маја истакна и дека е сигурна дека „Харем девојките“, кои се пласираа во финалето, дури и да победат, нема да ѝ донесат победа на Србија во Базел на „Евровизија“. Од друга страна, додаде дека би сакала да победи Принц од Врање.

Маја поради повредата на ногата мораше да настапи со гипс, а само ден пред нејзиниот полуфинален настап, нејзиниот стилист ѝ го откажа договорот.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....