02:40 - 8 април, 2026

Погледнете ја вилата од 2,5 милиони евра во која живее семејството Јоксимовиќ! Базен, мермер, пијано и огромен двор

Водителката Јована и пејачот Жељко Јоксимовиќ важат за еден од најуспешните и најскладните парови на домашната јавна сцена, а нивната љубов се роди пред камерите.

Тие се запознале во 2008 година додека биле домаќини на Евровизија, а се венчале на Малдиви на 20 јануари 2012 година. Парот денес живее хармоничен живот, имаат три деца, а својата оаза на мирот ја изградиле во Сењак. За вилата наводно издвоиле дури 2,5 милиони евра.

„Куќата е огромна и се беше направено точно како што сакаа. Коста, Срна и Ана имаат свои соби, а исто така и Мина, ќерката на Жељко од првиот брак. Има и соба за дадилката, а не се знае ако куќата е поубава внатре или надвор, Јована најмногу е воодушевена од огромниот двор, а бидејќи има и голем базен, нема сомнеж дека децата ќе уживаат во него “, открива извор за Свет.

Во куќата подот е поплочен со мермер, додека сѐ е опремено со скап и модерен мебел, камин, како и големо огледало, а има и две гаражи. Инаку, оваа прекрасна вила беше искористена за снимање кадри во серијата „Убијците на татко ми“, каде што беше дом на семејството Деспотовиќ.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....