03:30 - 8 април, 2026

Почина актерката од популарната серија „Озборувачка“, имаше само 39 години

Мишел Трактенберг, најпозната по улогата во популарната серија „Озборувачка“, почина на 39-годишна возраст, потврдија полициски извори.

Нејзината смрт не се истражува како сомнителна. Но, Трактенбер во последните месеци објавуваше серија загрижувачки фотографии на својот инстаграм-профил, каде има 800.000 следбеници. На фотографиите таа изгледаше изнемоштено и кревко, што ги натера некои обожаватели да ја коментираат нејзината здравствена состојба и нагло слабеење.

Во јануари минатата година, Трактенберг одговори на загриженоста на обожавателите велејќи дека е „среќна и здрава“ и дека никогаш немала пластична операција.

Мишел Трактенберг е родена во Њујорк на 11 октомври 1985 година. Првата заслужна улога на Трактенберг беше на деветгодишна возраст во класичната серија на Никелодеон од 1990-тите „Авантурите на Пит и Пит“, таа продолжи да глуми во различни детски филмови и серии, а своето филмско деби го имаше во „Шпионот Хариет“ во 1996 година, во кој го играше главниот лик.

Како возрасна, таа се фокусираше кон позрела актерска игра, вклучително и улогата на Доун Самерс, во „Бафи убиец на вампири“, како и манипулативната, пресметлива антагонистка Џорџина Спаркс во „Озборувачка“, која се прикажуваше шест сезони.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....