7.8 C
Скопје
20:56 - 23 октомври, 2026

Откриена причината за смртта на Мајкл Медсен: Тој водеше голема битка во последните години

Актерот Мајкл Медсен почина на 67-годишна возраст. Пет дена откако беше пронајден мртов во својот дом во Малибу, калифорниската станица „Ен-би-си4 Лос Анџелес“ објави дека причината за неговата смрт е срцев удар.

Според информациите што ги објави „Ен-би-си4 Лос Анџелес“, кардиологот на Медсен потврдил дека затајувањето на срцето ќе биде наведено како официјална причина за смртта, а срцевите болести и алкохолизмот се наведени како фактори кои придонеле за тоа. Обдукција нема да се изврши, бидејќи неговиот лекар ја потпишал смртовницата, а шерифската канцеларија на округот Лос Анџелес ја затворила истрагата, официјално заклучувајќи дека станува збор за природна смрт.

Откако неговото тело беше откриено на 3 јули, канцеларијата на шерифот му кажа на „Ен-би-си4 Лос Анџелес“ во тоа време дека смртта изгледа како природна и дека нема сомнежи за насилство. Во изјава дадена од неговиот долгогодишен менаџер Рон Смит, беше потврдено дека Медсен бил пронајден во несвест наутро и дека доживеал срцев удар.

По веста за неговата смрт, менаџерите Рон Смит и Сузан Ферис и публицистката Лиз Родригез издадоа заедничка изјава: „Мајкл Медсен беше еден од најзначајните актери во Холивуд, кој ќе им недостасува на многумина“.

Тие додале дека во последните две години, Медсен интензивно соработувал со независни филмски режисери на проекти како што се претстојните играни филмови „Патот на воскресението“ (Resurrection Road), „Концесии“ (Concessions) и „Кулинарска книга за јужните домаќинки“ (Cookbook for Southern Housewives).

Освен што е познат по своите улоги во култните филмови „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и „Убиј го Бил“ (Kill Bill), Медсен публиката го памети и по неговите улоги како Џими Ленокс во „Телма и Луиз“ (1991), Глен Гринвуд во „Слободен Вили“ (1993) и Доминик „Сони Блек“ Наполитано во „Дони Браско“ (1997).

Во 2024 година, актерот поднесе барање за развод од својата сопруга ДеАна Медсен по 28 години брак. Според судските документи добиени од списанието „Пипл“, Мајкл ги навел непомирливите разлики како причина за разделбата.

Во изјава потпишана од Медсен, која беше приложена на документите за развод, тој ја обвини својата сопруга дека „го натерала нивниот син да изврши самоубиство“.

„Таа го направила тоа преку занемарување и нејзиниот алкохолизам“, било наведено во изјавата на познатиот актер приложена на документите.

Мeдсен, кој во тужбата беше застапуван од неговиот долгогодишен адвокат Пери Вандер, побара од судот да ги отфрли обвиненијата од неговата ДеАна Медсен за семејно насилство. На 17 август 2024 година, неговата сопруга го пријавила за семејно насилство, по што бил уапсен. Тој бил ослободен од притвор откако платил кауција од 20.000 долари, а Медсен потоа тврдеше дека всушност бил жртвата.

Слични објави

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо

„Хранам галеб, гулаби и и мачка двапати дневно“: Дорис Драговиќ за приватниот живот

Е.А.
Се вчитува....