9.8 C
Скопје
23:28 - 17 март, 2026

„Не ми беше гајле што ги повредував“: Гоца Тржан искрено за бившите партнери

Приватниот живот на пејачката Гоца Тржан отсекогаш ја интригираше јавноста во регионот. Многумина сакаат да знаат каде излегува, со кого се гледа, а пејачката успешно се обидуваше својата интимност да ја чува за себе.

Како гостинка во емисијата „Why so serious“, Гоца зборуваше за своите поранешни партнери.

– Знам дека сум повредила многу мои партнери, свесна сум за тоа и ми е жал. И тогаш бев свесна, ама не ми беше гајле. Тогаш мислиш дека си паднал од небо, ама… Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе, после сè ти се враќа. Кога сопствената глупост ќе ти излезе низ уста, не знаеш што те погодило – рече Гоца Тржан, а потоа објасни зошто се однесувала така во младоста.

– Ние жените често не знаеме како да го цениме мажот кој нè гледа како Бог и кој е добар, квалитетен, стабилен. Секогаш би сакале нешто друго. И потоа учиш дека таа стабилност е многу важна. Знаете онаа како „Досаден ми е“, ако, ако, нека ми е досаден.

По тешкиот развод со Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена, Гоца Тржан ја пронајде среќата со тапанарот Раша Новаковиќ, на кого му се заветуваше на вечна љубов во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....