06:31 - 8 април, 2026

„Можам да трошам една пензија неделно“: Лепа Лукиќ откри колку пари легнува на нејзината сметка секој месец

Српската пејачка Лепа Лукиќ (85) има три пензии, а во една прилика ја откри точната сума што ја добива месечно.

Како што тогаш изјавила Лепа, првата пензија ја заработила преку години стаж, втората е националната, а третата е канадската пензија од нејзиниот покоен сопруг.

– Јас немам врска со пензионерите, точно е дека сум на таа возраст, но се дружам со млади луѓе. Јас сум во пензија 23 години. Не барам ништо, задоволна сум. Имам три пензии. Сè заслужив. Јас со заслуга ја добив националната пензија. Во статусот на естраден уметник сум 25 години, а пред тоа бев обичен естраден уметник. Така добив поголема основица за пензија. Јас можам да трошам една пензија неделно, не морам да се воздржувам. Едната во износ од 107.000, како основна пензија, која ја заслужив преку мојот работен стаж, втората, националната пензија, која ми ја додели државата, во износ од 73.000 динари и третата, во износ од 1.250 евра што ги добивам од Канада, а која ја наследив од мојот покоен сопруг. Имам и по некој настап – раскажала Лепа Лукиќ во емисијата „По ручек“ на Хепи ТВ.

– Зошто јас мора да настапувам? Не морам. Јас го пеам тоа што го сакам. Што се однесува до парите, не морам никогаш да запеам! Имам добри примања, три пензии. Канадска, една нормална со работен стаж и имам национална пензија. Но, јас сакам. Тоа мене ме подмладува, ме враќа во младоста, полна сум со енергија, ништо не ми е тешко. Зошто воопшто треба да снимам нешто, можам да живеам од песни кои биле и останале големи хитови? Но, сакам да ги израдувам моите фанови – изјавила своевремено Лепа на ТВ Прва.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....