3.8 C
Скопје
02:17 - 14 март, 2026

Милица Тодоровиќ е бремена по само два месеци врска – Ги откажа сите настапи за летово

Српската пејачка Милица Тодоровиќ е бремена, а како што дознава „Блиц“, станува збор за маж кој не е јавна личност.

Досега, Милица сè чувала во строга тајност и не кажала за својата бременост никому освен на најблиските.

Како што дознава „Блиц“, откако раскинала со Марио Беришиќ (34), кој е уапсен, откако по него беше издадена меѓународна потерница, пејачката брзо пронашла мир покрај друг маж кого Милица не сака јавно да го експонира. По само два месеци врска, пејачката останала бремена.

„Втората желба секако ми е да се остварам во улогата на мајка. Треба да бидеш скромен во животот, мислам дека сè се случува како што ќе каже Бог, тоа е негова волја. Имам желба да станам мајка веќе многу години, но ќе биде како што ќе каже Бог. Можеме да правиме планови, но ќе биде како што ни е запишано“, изјави неодамна таа.

Милица ги откажа сите настапи за летово за да ужива во бременоста.

– Милица долго време сакаше да стане мајка, тоа беше нејзина голема желба. Кога дозна дека е бремена, веднаш ги откажа сите настапи. Сака да ужива во бременоста и во моментов бебето е нејзин приоритет. Природата на нејзината работа е таква што работи ноќе, а во овие моменти ѝ е потребен редовен сон, уреден и здрав живот, затоа не сакаше да се изложува на непотребни напори и таа и нејзиниот партнер донесоа одлука да се повлечат од јавноста – изјавил извор за „Блиц“.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....