13:30 - 8 април, 2026

Миле Китиќ ја изнајмува вилата за 10.000 евра: Пејачот нуди „чист луксуз“ во срцето на Белград, со базен, градина и скап мебел

До неодамна, пејачот Миле Китиќ живееше со сопругата Марта Савиќ и ќерката Елена во луксузна вила во Врачар, која сега планира да ја изнајми за огромна сума.

Имено Миле купи луксузна куќа во Авала, па планира да се пресели таму со семејството, а сака да ја изнајми вилата во Врачар за дури 10.000 евра месечно. Велат дека оваа куќа е најубавата во овој дел од градот.

– Вилата е во беспрекорна состојба, со луксузен базен, пространа дневна соба, модерна кујна и сите погодности што ги бара современиот живот. Миле, Марта и Елена живееле во неа со години, што му дава на просторот посебна топлина и семејна атмосфера. Се наоѓа на мирна и безбедна улица, а прекрасната, редовно одржувана градина обезбедува совршено место за одмор. Со оглед на локацијата, удобноста и луксузот, цената од 10.000 евра месечно е целосно оправдана – изјавил извор близок до познатата двојка.

Како што стана познато, Китиќ моментално е во процес на преселба во нова вила во Авала, па затоа бара станари.

– За две недели се сели во нова вила вредна повеќе милиони долари. Сè оди според планот, а Миле со нетрпение очекува простор што обезбедува приватност и мир, како и идеална средина за семејството и пријателите – додал изворот за Информер.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....