14.8 C
Скопје
15:03 - 17 март, 2026

Месечен трошок од 50.000 евра! Бака Прасе повторно шокираше, детално објасни на што троши толкава сума!

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, многу заработува од социјалните мрежи, рекламите и клиповите на Јутјуб. Навикнат е да живее „на висока нога“ и не крие колку пари троши.

Тој издвојува огромни суми за вечера во ресторани и за нарачка на храна.

Неодамна се всели во имот во елитниот дел на Белград кој вреди два милиони евра и има 300 квадратни метри. Тој на своите обожаватели го покажа секој агол од овој луксузен дом што го изнајмува. Неговите следбеници можеа да видат дека станот има огромна дневна соба, спа центар, теретана, џакузи, како и апартман за гости.

На социјалните мрежи се појави видео во кое Бака детално објаснува кои се неговите месечни трошоци. За 30 дена троши повеќе од 50.000 евра.

– Имам лизинг за БМВ, тоа се околу 3.500 евра месечно, имам кирија за стан и сите трошоци што одат со станот, тоа се околу 6.000, храната секој ден е од 300 до 500 евра, тоа го кажувам бидејќи ги канам сите за да не јадам сам, имам пари и можам да ги платам тие ручеци, не ми е проблем. Месечните трошоци за храна се 10.000 евра, знам дека е претерано, но јас така живеам, затоа што можам, крај на приказната. Моите месечни трошоци се над 50.000 евра месечно, луѓето можеби нема да веруваат, но тоа се гледа и од клиповите, можете да видите колку пари давам. Моите месечни трошоци се сурово, сурово големи – изјави Бака во едно од неговите видеа, кое се појави на интернет и ги шокираше сите.

Богдан неодамна изненади близок пријател и колега купувајќи автомобил од 50.000 евра за неговата свадба, додека неговата девојка Ања Благојевиќ се пофали со новогодишна елка од 1.500 евра.

„Поминав два дена украсувајќи ја оваа џиновска елка“, откри Ања.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin
Се вчитува....