11:50 - 8 април, 2026

Крај на уште една љубов: Раперот Вук Моб раскина со девојката по повеќе од една година романса

Раперот Вук Моб објави фотографија со својата девојка Александра кон крајот на 2024 година, а за време на нивната љубов никогаш не сакаше јавно да зборува за неа, сепак таа сега откри дека двајцата повеќе не се заедно.

Одговарајќи на прашања од нејзините следбеници на Инстаграм, таа даде одговор и на едно што се однесуваше на нивната врска, а тоа беше:

– Дали си сè уште со Вук?

Таа отворено зборуваше за оваа тема и рече дека раскинале, а спомена и колку долго траела нивната љубов.

– Не. Бевме заедно година и пол – изјави таа.

Фото: Инстаграм

Да ве потсетиме дека пред неа, Вук беше во врска со пејачката Тијана М, со која поминаа два месеци заедно. Објавија дека се заедно и кратко потоа раскинаа.

Многумина мислеа дека тоа е само маркетиншки трик, а пејачката отворено зборуваше за нивната врска.

– Во одлична врска сме, ситуацијата е малку комплицирана, но никој не знае ништо за тоа, па затоа не би зборувала. Навистина сум среќна, разговараме еден со друг, па ќе видиме што ќе се случи. Останавме пријатели, а можеби нема само да останеме пријатели, ќе видиме. Не можам ништо да кажам, ни јас не знам – изјави Тијана Милентијевиќ за порталот „Србија Данас“.

Инаку Вук  беше верен со Билјана, а по неа и со новинарката Оливера Конатар со која има ќерка.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....