-1.2 C
Скопје
03:00 - 22 декември, 2024

Кој е „готвачот“ на Путин? Некогаш правел хот-догови, денес ги финансира милитантите, а го бара ФБИ

Евгениј Пригожин, не само што готви деликатеси за Путин, но, Евгениј Пригожин во „галаксијата“ на Путин  има улога која всушност оди многу подалеку од гастрономијата: тој е основач и сопственик на милитантна платеничка група Вагнер, приватна армија која води валкани војни во име на Кремљ во Сирија, Либија и неодамна во Мали. Пригожин стои и зад Агенцијата за истражување на Интернет, фабрика за лажни вести и ширење на проруска пропаганда на западните мрежи. За обидот да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година, оние на кои победи Трамп, милијардерот го бара ФБИ.

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин кога САД, Европската Унија и други го обвинуваат за финансирање на приватната воена компанија Вагнер. Пригожин, во јавноста познат и како „готвачот на Путин“, рече дека Русија ќе ја победи „западната цивилизација што умира“.

Пригожин контролира мрежа на компании, вклучително и оние обвинети за мешање во изборите во САД во 2016 година. Тој е обвинет и дека се обидел да влијае на изборите во САД. Пригожин, неговите соработници и компании се под економски санкции и имаат кривични пријави во САД. Странските медиуми пишуваат дека „операциите“ на Пригожин биле тесно поврзани со руското Министерство за одбрана и нејзиниот разузнавачки огранок.

Започнал бизнис со хот-дог

Пригожин е роден во Санкт Петербург во семејство со руско-еврејско потекло. Во ноември 1979 година, тој беше осуден на условна казна за кражба. Во 1981 година бил осуден на 12 години затвор за грабеж, измама и вмешаност на тинејџери во криминал. Одлежал девет години затвор пред да биде ослободен.

По ослободувањето, тој и неговиот очув основале мрежа за продажба на хот-дог. Наскоро почнале да заработуваат добри пари. Станал акционер и управител на „Контраст“ кој станал првиот ланец за готова храна во Санкт Петербург.

Подоцна со уште двајца соработници го основале и првото казино во Санкт Петербург. Кога тој бизнис почнал да пропаѓа, Пригожин го основал ресторанот „Стара каринарница“, а потоа и пловечкиот ресторан „Њу остров“, кој станал едно од најелитните места во градот.

Средба со Путин

Во 2001 година, Пригожин лично им послужил храна на Владимир Путин и францускиот претседател Жак Ширак кога вечерале во ресторанот „Нов остров“, а бил и домаќин и на американскиот претседател Џорџ Буш во 2002 година. Путин го прослави својот роденден во 2003 година на „Новиот остров“. До 2003 година, Пригожин ги напуштил своите деловни партнери и основал свои ресторани, станувајќи еден од најблиските луѓе на Путин. Западните медиуми пишуваат дека во тоа време тој очигледно бил слободен да се занимава со нелегални активности без страв од кривично гонење.

Неговата компанија има добиено договори во вредност од стотици милиони за да ги снабдува со храна училиштата и државните институции.

Во 2012 година добил договор за испорака на оброци на руската војска во вредност од 1,2 милијарди американски долари за една година. Дел од профитот од овие договори наводно биле искористени за лансирање и финансирање на Агенцијата за истражување на Интернет.

Со семејството се преселил во комплекс во Санкт Петербург со кошаркарско игралиште и хеликоптерска платформа, а поседува и приватен авион и јахта.

Антикорупциската комисија го обвинила Пригожин за коруптивни деловни практики. Неговото незаконско богатство се проценува на повеќе од милијарда рубли. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврдеше дека Пригожин бил поврзан со компанија наречена „Московен учител“, која ги снабдувала московските училишта со храна со слаб квалитет, што довело до појава на дизентерија, пренесува порталот нова.рс.

Ја финансира Вагнер групацијата

Наводно, Пригожин е поврзан со позната платеничка милитарна група позната како „Група Вагнер“, која учествувала во различни акции ширум светот. Во февруари 2018 година, Вагнер ги нападна курдските сили кои ги поддржуваат Соединетите држави во Сирија во обид да окупираат нафтено поле. „Вагнер“ и нивните сојузници претрпеа десетици загуби кога САД одговорија со воздушни сили.

„Вашингтон пост“ објави дека Пригожин бил во близок контакт со руски и сириски воени претставници. Врската на Пригожин и „Вагнер“ е тема на печатот и во Русија и во САД. Се пишуваше дека Пригожин, кој бил близок до Путин, ги финансирал платениците на групата Вагнер. Оваа група ја предводи Дмитриј Уткин, кој своевремено беше шеф на обезбедувањето на Пригожин, а Уткин е наведен и како директор на компанијата Конкорд, чиј сопственик е мајката на Пригожин. И Пригожин и Конкорд негираа каква било поврзаност со „Вагнер“.

Уште од 2014 година може да се слушнат приказни дека групата Вагнер се бори во источна Украина. Во април 2022 година, за време на руската инвазија на Украина во 2022 година, беше објавено дека Пригожин отпатувал во Донбас за да ги следи активностите на Вагнер групата. На фоторафијата направена од него,  се гледа облечен во воена униформа заедно со пратеникот на руската Дума, Виталиј Милонов, кој застана на линијата на фронтот.

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....