03:28 - 8 април, 2026

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не се појавија на БАФТА: Кралското семејство замина на одмор на егзотична дестинација со само 500 жители

Сите се надеваа дека синоќа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе се појават на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон.

Кралскиот пар на оваа церемонија го гледаме со години, бидејќи принцот од Велс е покровител на оваа организација, а минатата година на настанот беше без сопругата која еден месец подоцна објави дека боледува од рак.

Оваа година Кејт Мидлтон и принцот Вилијам отпатуваа на островот Мистик на Карибите, мистично место со само 500 жители, со голем број луксузни вили. Тие пристигнаа на оваа дестинација минатиот четврток, откако најпрвин отпатуваа за Сент Лусија, а потоа со приватен авион до нивната крајна дестинација.

Вилијам, кој е претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност, минатата среда ја посети Лондонската академија за филм (London Screen Academy).

Појавувањето на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на церемонијата на БАФТА отсекогаш било огромен спектакл.

Патувањето може да се смета за кршење на традицијата, но и знак дека Кејт дефинитивно го става своето здравје и семејството на прво место.

Кејт Мидлтон ги воодушеви сите кога на почетокот на оваа година објави дека е во ремисија, по објавата дека го завршила циклусот на хемотерапија.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....