13:54 - 24 јуни, 2026

Како Лепа Брена всушност станала Лепа Брена? Сè започнало во далечната 1975 година…

Со децении ја знаеме пејачката Фахрета Јакшиќ, односно Живојиновиќ како Лепа Брена – музичката икона чии песни го одбележија раснењето на генерации низ целиот Балкан. Сепак, малкумина знаат како всушност настанал тој познат прекар, под кој таа изгради кариера што трае повеќе од четириесет години.

Сè започнало во 1975 година, кога Брена била средношколка и активно тренирала кошарка. За време на еден од нејзините тренинзи, нејзиниот тогашен тренер Влада Бајер решил да ѝ даде „ново име“ бидејќи, како што вели, му било непријатно да ја вика со нејзиното вистинско име – Фахрета.

„Моите соиграчки беа Мила, Ката… сите кратки имиња. А тренерот ми рече: „Ќе те викам Брена“. Бев во шок – која е сега Брена?! На почетокот ми звучеше глупаво, од сите можни имиња“, рече пејачката во нејзиниот документарец „Лепа Брена – Години на Слатки грех“.

„Во Босна, тоа беше синоним за убава девојка. Секогаш сакав да се истакнувам, да се борам за моето место под сонцето. Па, бев како шило! Затоа завршив под кошот, со топката во рацете. Тука дојде до израз моето чувство за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене кои нема да можам да ги достигнам. Кога Саша Поповиќ подоцна ме праша дали имам прекар, се сетив на тој настан – и така станав Брена. Во моите средношколски денови почнав да пеам на забави. На крајот, сфатив дека сцената е мојот терен“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

Македонија е на врвот на листата на најевтини туристички дестинации во Европа

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ го однесе синот на матура во скап кабриолет! Пејачката зрачи од гордост

Еспресо

(Фото) Ивана Кнол синоќа во секси стајлинг ги бодреше хрватските фудбалери во Торонто

Еспресо

Карлеуша ја исмеа Милица Павловиќ по најавата за новиот албум: „Таа нема фанови“

Еспресо

(Видео) Беа најконтроверзниот ријалити пар на Балканот — Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ имаа „непријатна“ средба на настан

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша во гламурозно издание — Атина Тошиќ блесна во златен фустан

Еспресо
Се вчитува....