14:40 - 14 септември, 2026

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Јелена Карлеуша отворено проговори за чувствата кон кошаркарот Никола Јовановиќ, со кого ја поврзуваа последните месеци. Музичката ѕвезда призна дека спортистот ѝ се допаѓа,и дека тој е згоден млад човек.

Во интервју Јелена беше прашана дали е заљубена, на што пејачката имаше подготвен одговор.

– Сега кога ќе размислам, не е баш чиста рабтата. Се обидувам да ги затворам очите и да кажам што чувствувам, дали чувствувам задоволство? Не, не чувствувам задоволство. Како мајка сум задоволна, но не успеав да ги заштитам моите деца од сето тоа, не го направив добро тој сегмент, но давам сè од себе. И како жена, одамна престанав да се гледам себеси како жена со емоции, па сега сакам да бидам сакана, разгалена и негувана. Купив сé што сакав за себе, никогаш не чекав или молев некој да ми даде нешто… Мажот не ми беше мотивација за лична исполнетост и среќа, други работи ме правеа посреќна од овие машко-женски врски. Се чини дека секогаш сум сама, а бев сама кога бев во брак. Ме поврзаа со еден многу фин дечко, Никола, многу ми се допаѓа, фин дечко – рекла Јелена.

Јелена одговори и на прашањето дали има индиции дека еден ден би можела да каже дека Никола Јовановиќ е нејзиниот емотивен партнер.

– Кога ќе дојде време за тоа и кога тоа навистина ќе се случи, кога некој ќе седне до мене на вистински начин, во секоја смисла, седи до мене, не само физички, тогаш да. Луѓето се плашат од медиумски притисок, се плашат од мене… Не би го изложувала на вакви прашања и одговори сега, бидејќи сè уште не е време, ниту пак заслужува да биде изложен на тоа во моментов – додала таа за „Телеграф“.

Слични објави

(Фото) Брутално претепана инфлуенсерката и пријателка на Дарко Лазиќ! Ја нокаутирал, па ја влечел по подот

Еспресо

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Еспресо

(Фото) Северина на 55 години во минијатурно бикини ја покажа беспрекорната фигура: На плажа ги украде сите погледи

Еспресо

(Фото) Кој би рекол дека е во петтата деценија од животот? Катерина Шехтанска плени со младешкиот изглед и витката фигура

Еспресо

Тања Савиќ ја трогна јавноста со желбата повторно да стане мајка: „Би плачела од среќа ако забременам“.

Еспресо

(Фото) „Време е да се пензионирам“: Елена Реи се повлекува од модниот свет, па покажа како ужива во последните летни денови

Еспресо
Се вчитува....