9.8 C
Скопје
21:23 - 17 март, 2026

Испливаа шокантни детали за уапсеното поранешно момче на Милица Тодоровиќ: Нејзиниот стан го претставувал како свој и во него носел пријателки

Прашината што се крена по апсењето на поранешното момче на Милица Тодоровиќ, Марио, сè уште не стивнува.

Како што дознава српски „Курир“, наводниот бизнисмен од Хрватска, кој сè уште е во притвор поради измама на повеќе лица, толку се одомаќинил во станот на српската пејачка Милица Тодоровиќ во кој живеел, така што на пријателите им се фалел како да е негов.

– Марио се гордееше што ја заведе познатата пејачка, но тука играше двојна игра. Тој останаваше во нејзиниот стан и кога таа не беше дома, кога настапуваше низ регионот. Е тогаш ги канеше своите пријателки да му доаѓаат нагости. Кога ќе го прашаа кога го купил станот, тој само мрморел, не давал конкретен одговор, туку се фалел дека сето тоа е негово. До неговото апсење никој не знаел дека тој всушност живее кај неа во Нов Белград. Од нејзиниот стан и го одведоа кај државните органи. Тогаш клопчето почна да се одмотува и на површина почнаа да излегуваат детали кои дотогаш се криеја – заклучува изворот за „Курир“, кој е добро упатен во животот и работата на Марио, а особено во неговиот емотивен живот.

Да потсетиме, откако екипата на емисијата „Папарацо лов“ го откри идентитетот на момчето на пејачката, тој беше приведен од надлежните органи во Србија.

По скандалот Милица се огласи и истакна дека долго време не е во врска и дека не сака да ја коментира новонастанатата ситуација поврзана со Марио.

Слични објави

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо
Се вчитува....