02:31 - 8 април, 2026

Гоца Тржан и сопругот почнуваат приватен бизнис, целата српска естрада ќе оди кај нив

Пејачката Гоца Тржан и тапанарот Раша Новаковиќ повеќе од тринаесет години уживаат во хармонична врска, а љубовта ја крунисаа со брак уште во 2015 година.

Покрај музиката, славниот пар реши да се впушти и во претприемачките води. Имено, тие дошле на идеја да започнат приватен бизнис во Белград, поточно на Ада Циганлија.

Според информациите кои ги пренесоа српските медиуми, Гоца и Раша ќе отворат спа-центар, во кој клиентите и тие ќе можат да се релаксираат и одморат, пренесува „Хелоу“.

Оваа вест изненади многумина, со оглед на тоа дека парот редовно има свирки, па нејасно е како ќе вклопат приватен бизнис во сите работни обврски, а многумина се запрашаа дали оваа работа ќе влијае и на нивните примарни занимања.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....