3.8 C
Скопје
21:14 - 27 декември, 2024

(Фото) Злобница, само сакаше фотографија покрај ковчегот! Карлеуша ги нападна Цеца и Фута, објави приватна преписка со покојниот син на Марина Туцаковиќ

Јелена Карлеуша објави приватна преписка со покојниот син на Фута и Марина Туцаковиќ, бесна е на композиторот!

Владимир Мариќ, директор на „Connect network“, изјавил дека некои автори би можеле да го затворат каналот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, бидејќи, како што вели, ги оштетила, како и дека нејзиниот тим го штити Александар Радуловиќ Фута, пишува „Република.рс“.

– Авторите можат да го соборат јутјуб-каналот на Светлана затоа што сопственоста на фонограмите не е нејзина, зборувам во име на нашите автори, туку е сопственост на ПГП и другите издавачки куќи, но тоа не ни беше намерата и не го радикализиравме случајот, сепак би било штета ако една од најголемите балкански ѕвезди нема свој канал на Јутјуб. Нејзиниот тим го штити и Александар Радуловиќ Фута и беа немилосрдни кон Јелена Карлеуша. За разлика од нив, последната опција за нас е дигиталната опомена, народски кажано рушење на каналот. Но, секој има своја деловна политика – изјави Мариќ за српски „Курир“.

Пејачката Јелена Карлеуша неколкупати се огласи по неговата изјава, а сега објави и приватна преписка со Милан Радуловиќ Лаќа, покојниот син на Фута.

– Објавив мал дел од мојата долгогодишна кореспонденција со Лаќа… Ова нека биде мојот подарок за неговиот татко Фута… А во исто време, јавноста нека види што мислеше Лаќа за Наногица, нека види јавноста дека давав пари за лекување на Марина итн. Гледате како Фута му се заблагодари на тој што ја лекуваше неговата болна сопруга… Тој како наследник има право само да ја наплати заработката од авторските права на покојната Марина, а не да одлучува, брише, дополнително да наплатува… Олоши, олоши, олоши, на кои ништо не им е свето! Па, нема ниту мене да ми биде – порачала Карлеуша и објавила неколку пораки кои ги разменила со Лаќа.

– Толку е неважна. Особено по глупирањето на погребот на мајка ми – напишал Лаќа.

– Маченичка!!!!! А како се појави како клошарка?! – одговорила Карлеуша.

– Злобница – додал Лаќа.

– Дно на дното. Но, не сакав ништо поради Марина – продолжила Карлеуша.

– Срце… Можеше да влезе во капелата за да изрази сочувство. Таа бре сакаше фотографија покрај ковчегот… – додал Лаќа.

– Апсолутно и таа дојде само поради јавноста – напишала Јелена.

Во една преписка го коментирале и тоа што Цеца стана член на жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а Лаќа ја нарекол „злобен олош“.

„Дали е можно овој злобен олош да влегол во ‘Ѕвездите на Гранд’?“, ја прашал Лаќа Јелена.

(Фото) Како изгледа синот на Ведрана Рудан: „Сопругот го сакам повеќе од децата“

Слични објави

„Сè се случи дома…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ проговори за незгодата, откри зошто ѝ било затворено окото

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита“: Прослава во домот на Ѓоле Ѓогани, Весна ја објави радосната вест

Еспресо

(Видео) Исплива видео од Лепа Брена откако ја скрши ногата: Пејачката на подот прави неверојатни вежби!

Еспресо

На Дара Бубамара на настап во Хрватска ѝ подариле сперма од лосос: „Најдоброто нешто што некогаш сум го добила“

Еспресо

(Видео) Брз е како молња! Марија Шерифовиќ не може да го стигне синот Марио, видеото ги насмеа сите

Еспресо

Зад најубавата насмевка се крие голема тага: Убавата хрватска актерка се разведе, сопругот ги смени бравите од станот

Еспресо
Се вчитува....