22:43 - 7 април, 2026

(Фото) Жељко и Јована Јоксимовиќ за првпат во јавност со синот Коста и близначките, уловени на аеродром!

Брачната двојка Жељко и Јована Јоксимовиќ со своите деца пристигнаа во Белград со приватен лет, а екипата на српски „Блиц“ ги фотографираше на аеродром.

Екипата на „Блиц“ ги фотографираше Жељко Јоксимовиќ и Јована Јоксимовиќ на аеродром со синот Коста и ќерките, близначките Срна и Ана.

Јована и Жељко цело време разговарале и се шегувале со своите деца додека ги носеле работи.

Водителката и кантавторот не ја симнувале насмевката од нивните лица, а ова е прво јавно појавување на целото семејство Јоксимовиќ.

Девојчињата Срна и Ана не се одвојувале родителите и ги носеле своите розови ранци, додека постариот брат Коста им помагал на родителите и ги носел работите.

Јована била лежерно облечена во фармерки и бунда, а Жељко бил облечен во црно од глава до пети.

На ова патување го однеле и својот домашен миленик од кој децата биле неразделни.

Инаку, тие не пристигнале со редовен лет, туку излегле преку ВИП излезот на аеродромот. Тие очигледно пристигнале со приватен лет, а подоцна се вратиле дома со својот скап автомобил.

Ексклузивните фотографии од Јована и Жељко Јоксимовиќ со децата можете да ги погледнетеТУКА.

Да потсетиме, Јована Јоксимовиќ повеќе од 10 години е во брак со поп-пејачот и текстописец Жељко Јоксимовиќ, а искрите меѓу, сега веќе среќната брачна двојка, првпат се појавија во 2008 година кога заедно беа водители на Евровизија, која се одржа во Белград.

Славната двојка со години ужива во хармоничен брак.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....