13:40 - 8 април, 2026

(Фото+видео) Огромен шлиц, но и ногата во гипс! Маја Николиќ настапи во фустан кој „не е за настап“

Пејачката Маја Николиќ настапи со својата песна „Жали срце мое“ на 11-тото место во второто полуфинале на српскиот избор „Песма за Евровизију“.

И покрај повредата и гипсот на ногата, Маја Николиќ ја испеа „Жали срце мое“ пред публиката проследена со голем аплауз.

За таа прилика, Маја облекла бел тесен фустан без прерамки, испреплетен со светки, а својот стајлинг го комплетирала со впечатлива темна шминка и крената коса – свежо обоена.

– Ова не ми е фустан за настап и не сакам да се гледа гипсот, немој некој да гласа поради гипсот. Благодарение на РТС добив три прекрасни фустани, фризер, најубава шминка. Се расплакав денеска, тоа ми е најголемиот подарок – изјавила пејачката пред полуфиналето, додавајќи дека нејзиниот син ѝ е најголема поддршка, пишува „Ало.рс“.

 


Маја уште еднаш докажа дека овој стајлинг не е резервиран само за младите!

Неможејќи да се движи поради повредата, таа храбро застанала пред публиката и ја отпеала својата песна.

„Планирам да одам во Базел и да го истакнам српското знаме“, накратко рекла таа пред настапот.

Сепак, Маја Николиќ не успеа да се пласира во финалето на „Песма за Евровизију“, што ѝ падна тешко, со оглед на тоа што со недели работеше на кампањата за својата песна „Жали срце мое“.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....