04:53 - 8 април, 2026

(Фото+видео) Иванка Трамп му се заблагодари на Јокиќ бидејќи го дисциплинираше син ѝ

Српската НБА ѕвезда Никола Јокиќ беше во центарот на вниманието на Ол-стар натпреварот надвор од теренот, бидејќи во еден момент го допре внукот на американскиот претседател Доналд Трамп. Додека малиот Теодор (8), син на ќерката на Трамп, Иванка Трамп (43), разговараше со познатиот кошаркар Шеј Гилџус-Александер, Јокиќ му ја „сврте главата“ кон фотографите, насочувајќи му го вниманието кон тоа дека со фотоапаратите чекаат сите да позираат, пишува „Дејли мејл“.

Иванка Трамп го виде потегот на Јокиќ и му се обрати на социјалните мрежи: „Ти благодарам Јокиќ што го натера мојот Тео да слуша“, напиша Иванка Трамп.

 


Таа беше на Ол-стар со сопругот Џаред Кушнер (44), како и со нивните три деца – ќерката Арабела (13) и синовите Џозеф (11) и Теодор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


Иванка Трамп во претходниот мандат беше близок соработник на својот татко во Белата куќа, а оваа зима, на почетокот на новиот мандат на Доналд Трамп, ужива во големите настани во Америка. Така, една недела пред Ол-стар натпреварот, беше на Супербол со својот татко.

Интересно е тоа што на тој натпревар, Доналд Трамп влезе во историјата како првиот актуелен претседател на САД кој во живо го гледал натпреварот за титулата во НФЛ.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....