7.8 C
Скопје
00:53 - 19 март, 2026

(Фото) Српската старлета повторно брутално претепана: Наташа објави фотографии од страшни повреди, насилникот е на слобода

Српската старлета Наташа Шавија тврди дека била претепана, а на Инстаграм објави фотографии на кои се гледаат нејзините повреди.

Имено, Наташа Шавија го покажала својот стан во кој, како што тврди, се случило насилството.

– Точно е дека повторно доживеав насилство! А знаете зошто? Затоа што насилникот е на слобода и ги исмејува сите со својата арогантност и им дава пример на другите „дека им се може“ – рекла Наташа Шавија.

– Телефонот ми беше скршен, а во него ги имам сите докази. Ова ми го направи психопат кој е опседнат со мене. Сега сум добро, тоа беше пред неколку дена. Сè е снимено во полиција, не поднесов пријава против него, не отидов во Итна помош, ништо не ми беше скршено, му благодарам на Бога –  изјави Наташа Шавија за „Блиц“.

– Физички сум добро, му благодарам на Бога немаше скршеници по телото, завршив со модринки, но со оглед на тоа што ме фрли преку маса полна со чаши и шишиња, мислев некоја ќе се скрши и ќе ми се зарие во телото – рекла Наташа.

Старлетата го снимила и својот стан и покажала дека бравата е скршена, како и пораките кои ги добивала од загрижени луѓе, кои и се јавиле и проверувале во каква состојба е.

„Не можам да ја заклучам вратата од станот, бравата е скршена. Се заклучив во спалната соба“, напишала таа.

Таа тврди дека насилникот ѝ го одзел телефонот од рака.

– Ми го грабна телефонот од рака за кој две недели претходно платив 1.500 евра. Околу мене имаше 15 луѓе и соседи и сите гледаа. Не ги обвинувам луѓето затоа што гледаат лудак и мислат дека можеби има пиштол. Еве ги резултатите од се, а има уште многу повеќе. Браво за мажите!

Да потсетиме, Наташа Шавија на 1 мај минатата година се здоби со тешки телесни повреди на една свадба, а за насилство го обвини Стефан Кариќ, против кого беше покрената судска постапка.

 

 

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....