18:50 - 7 април, 2026

(Фото) Среде гласините за разводот сама ги дуваше свеќичките: Марија Микиќ го прослави 33. роденден без сопругот

Пејачката Марија Микиќ го прослави својот 33. роденден, а од фотографиите можеме да видиме дека самата ги дувала свеќичките.

– Ви благодарам на сите за најубавите желби! 33-тиот роденден дојде толку брзо. Не сум многу мудра, но сакам уште еднаш да ви кажам дека само здравјето е најважно. Мара ве сака – напиша таа.

Иако нејзиниот сопруг, Јован Пантиќ, не беше до неа на фотографиите, тој се огласи на својот Инстаграм и сподели серија фотографии од Марија.

– Среќен роденден, мамо. Благодарни сме за твојата љубов, топлина и сè што носиш длабоко во себе. Благодарни сме што тоа си ти – нашето сидро, нашата топлина и нашето сè. И не мора многу да ти пишуваме. Знаеш. Знаеме. Те сакаме. Засекогаш. Твојот тим – напиша тој.

Да ве потсетиме дека откако пејачката Марија беше отследена од Инстаграм од нејзиниот сопруг Јован Пантиќ, јавноста не престанува да брмчи за нивната врска.

Марија Микиќ беше мета на многу коментари дека нејзиниот брак е во криза, а нејзиниот сопруг повторно ја заследи по гласините за разводот, што ги поттикна сомнежите дека нешто не функционира како што треба, а многумина мислат дека тоа е само маркетиншки трик.

Слични објави

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо
Се вчитува....