5.8 C
Скопје
05:33 - 19 март, 2026

(Фото) Северина во сукња како пешкир: „Следи сезона на судови, па се подготвив со аутфит…“

Хрватската пејачка Северина повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со необичен моден избор и саркастичен коментар за нејзините претстојни судски рочишта.

На својот Instagram, таа сподели фотографија од загрепскиот пазар Долац, каде позира во сукња што личи на бањарски пешкир, комбинирана со бела кошула и луксузна кожна торба.

„Следи сезона на судови, па се подготвив со аутфит сукња-пешкир, бидејќи на суд се чувствувам како дома. Крокодилот е тука за да не се опуштам премногу“, напиша пејачката, алудирајќи на торбата од крокодилска кожа.

Но, иако многумина помислија дека Северина навистина облекла обичен пешкир, се работи за дизајнерска креација на брендот „Беленсијага“, која беше пуштена во продажба во 2023 година по цена од 695 евра.


И додека со хумор зборува за претстојните рочишта, Северина не откри детали за кој случај конкретно станува збор. Во изминатите години, таа беше инволвирана во неколку судски процеси, меѓу кои најзначаен беше оној за старателството над нејзиниот син Александар со неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ. Иако Врховниот суд на Хрватска првично донесе пресуда во негова корист, таа беше поништена минатата година.

Дополнително, пејачката се најде на суд и поради наводно „наметливо однесување“ кон Гордана Булјан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади, како и Љиљана Клингер, директорката на училиштето што го посетувал нејзиниот син. Северина беше обвинета дека им испратила над 150 непристојни пораки, а обвинителството бараше условна казна од 10 месеци.

Во својата одбрана, таа тогаш изјави дека реагирала како мајка, а не како дама.

„Да, контактирав со Љиљана Клингер кога дознав дека таа со години испраќала измислени извештаи за мене до Центарот за социјална работа, а потоа и до Жупанискиот суд во Сплит“, изјави пејачката.

И додека правните битки продолжуваат, Северина очигледно не дозволува ова да ја поколеба – со својот провокативен и хумористичен пристап, таа останува доследна на својот карактер и стил.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....