9.8 C
Скопје
22:20 - 27 октомври, 2026

(Фото) Рада Манојловиќ се соблече на 41. роденден и предизвика тотален хаос на мрежите

Српската фолк пејачка Рада Манојловиќ денеска полни 41 година, а роденденот го дочека во свој стил – насмеана, природно и во издание кое предизвика бројни реакции.

По повод 41-от роденден Рада покажа како изгледа на почетокот на петтата деценија. Пејачката објави фотографија од еден хрватски остров, на која позирала во минијатурно бело бикини и без шминка.

Рада ја покажала затегнатата фигура и препознатливиот светол тен, а бидејќи вакви фотографии не објавува често, следувале бројни реакции од нејзините следбеници.

Пејачката позирала насмеана и сосема природна, а за својот изглед и промените во тежината зборувала и порано. Едно време, во периодот кога имала неколку килограми повеќе, таа одговарала на свој карактеристичен начин на приказните дека вградила силикони.

– Единственото нешто што се зголеми се задникот и градите. Имам среќа што кога ќе се здебелам неколку килограми, над мојата идеална тежина, оди точно таму каде што треба. Слушнав приказни дека сум ставила силикони во градите и задникот, но тоа е глупост. Само се смешкам и продолжувам да јадам – ​​рекла пејачката, која од самиот почеток на кариерата истакнувала дека е поддржувач на природниот изглед.

Рада во текот на својата кариера без задршка зборувала и за својот љубовен живот. Неодамна откри што ѝ е најважно кај еден маж и призна дека физичката привлечност игра улога, но дека џентлменското однесување е она на што особено паѓа.

– За почеток, сите мои мажи беа убави и згодни, тоа е вистина. А џентлмен… Ау, што ми направи со ова прашање. Еве, дали може да биде убав и господин, не мора да биде згоден. Мора да ми е физички привлечен, но опасно се заљубувам кога некој е господин, џентлмен – изјавила Рада Манојловиќ во емисијата „Без филтер са Сара Миа“ на телевизијата „Гранд“.

 

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....