00:20 - 8 април, 2026

(Фото) Публиката во паника на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“: Одеднаш сè запре, темница!

Во текот на снимањето на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се случи неочекувана ситуација. Имано, снемало електрична енергија во текот на снимањето на емисијата.

Имено, натпреварувачите пееле на сцената, жирито седело на своите позиции и ги следело изведбите на песните, а во еден момент наеднаш снемало електрична енергија. Студиото потонало во мрак, а луѓето во паника веднаш почнале да го осветлуваат студиото со своите мобилни телефони.

Пејачот Драган Којиќ Кеба, кој бил дел од жирито наместо Вики Миљковиќ, ја вклучил камерата и одлучил да ги опушти преплашените луѓе во публиката.

Кеба викнал:

– Ајде песна!

Кеба почнал да пее еден од своите хитови „Имао сам“ и ја повикал публиката да му се придружи.

Тие ги вклучиле блицовите на своите мобилни телефони, станале и почнале наглас да пеат со Кеба и да танцуваат.

Во текот на нивниот „настап“ дошла електричната енергија, па снимањето на емисијата продолжило без пречки.

Оваа сцена ја снимила и водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ и ја споделила со своите следбеници.

– Кога ќе снема електрична енергија во текот на снимањето, Кеба држи концерт – напишала Ана со емотикон кој плаче од смеење.

Инаку, поради семејна трагедија, Вики Миљковиќ нема да присуствува на наредните снимања на „Ѕвездите на Гранд“, а нејзиното место во жирито привремено ќе го замени искусниот колега и пејач Драган Којиќ Кеба.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....