02:03 - 8 април, 2026

(Фото) „Ова како да е пластична кукла!“: Поради фотошопот на Дара Бубамара се вжештија социјалните мрежи

Српската пејачка Дара Бубамара објави неколку видеа за новите песни со специјални ефекти, а сите беа изненадени од тоа колку фотошоп и ефекти се користени во нив.

Имено, на социјалните мрежи многумина коментираа дека пејачката дури и инсистирала на тоа да се фотошопира за да изгледа послаба, но и помлада, па на некои кадри изгледа како да е во прашање друга личност.

 

– Ова е како пластична кукла, а не Дара Бубамара. Овде се користени многу функции на вештачката интелигенција – гласел само еден од коментарите.

Да потсетиме, Дара Бубамара неодамна откри дека популарната песна на нејзината колешка Вики Миљковиќ првично била наменета за неа.

Имено, нејзината колешка Вики од песната „Црно на бело“ заработила милиони, а Дара раскажала дека песната првпат ја слушнала од продуцентот Браја и веднаш посакала да ја отпее.

– Таа песна првпат ја слушнав кај Браја и му реков да ми ја остави. Едно утро станав и почнав да потпевнувам: „Ево душа, ево тело“ и му се јавив на Браја, а тој ми кажа дека таа песна ѝ ја дал на Вики. Човекот беше во право, не ја платив, не ја резервирав, но му реков: „Каква Вики, дај ми ја таа песна тука, не ме интересира Вики“ – изјавила Дара во таа прилика.

 

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....