16:42 - 8 април, 2026

(Фото) Мелина објави фотографија од ќерката во лифт! Додека сите зборуваат за нејзината афера со 20 години постар милионер, еве што прави Џина

Мелина Галиќ, поранешната сопруга на српскиот пејач Харис Џиновиќ, ја напушти Србија по разводот и го продолжи животот во Монако. Таа многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот, а сега направи преседан и објави фотографија од својата ќерка.

Џина Џиновиќ е многу активна на социјалните мрежи и редовно објавува содржини од својот приватен живот.

Ќерката на Харис Џиновиќ и Мелина Галиќ веќе извесно време поминува со својата мајка во Монте Карло.

Сега Мелина на својот официјалниот инстаграм-профил на својот бренд сподели фотографија од Џина во една од своите креации.

Џина направила цел сет фотографии во лифтот и ги објави на својот Инстаграм, кои ги сподели и нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)


Инаку, тимот на српски „Курир“ го поминал претходниот викенд во Монте Карло и открил каде Мелина живее сега, но и дали нејзините нови соседи воопшто знаат која е таа.

Како што виделе и самите, новата адреса на живеење на Мелина се наоѓа на една од најскапите локации во овој луксузен град, само неколку стотини метри од познатото казино „Монте Карло“.

Станува збор за стан вреден неколку десетици милиони евра во зграда со специфична архитектура, која има поглед на главната улица од едната страна и на морето од другата, пишува српски „Курир“.

Инаку, една од новите сосетки на Мелина, Србинка која долго време живее во Монако, открива детали за новиот партнер на дизајнерката.

„Станот не е нејзин, туку во сопственост на нејзиното момче. Тој ја има оваа недвижност со години. Познат е во Србија, милионер е и постар е од неа речиси 20 години. Жената очигледно сака постари мажи, тоа ѝ е фетиш. Тој е луд по неа и се труди да ѝ удоволи во сè“, раскажала сосетката.

 

 

Слични објави

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.
Се вчитува....