20:13 - 7 април, 2026

(Фото) Богата празнична трпеза: Еве како изгледала раскошната прослава на Велигден во домот на Лепа Брена

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор на социјалнте мрежи се пофали што имало на велигденската трпеза на неговото семејство.

Познато е дека во домот на Брена во кујната се задолжени мажите. Така беше и овој Велигден, само Виктор сега имаше мала помош – неговата девојка Софија Спасојевиќ.

Оваа млада двојка се потрудила да ги украси и бојадиса јајцата, а се одлучиле за светло црвена боја и техника на декупаж за јајцата да бидат што повпечатливи и естетски интересни. Покрај украсувањето, Виктор сериозно се посветил и на подготовка на храна.

Семејството Живојиновиќ приредиле раскошна и богата гозба на која се наоѓало сè што сакаат – од печење, солени пити, колачи со вишни, разни салати, а сето тоа Виктор го сподели на својот инстаграм-профил.

Слични објави

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.
Се вчитува....