14:16 - 9 јануари, 2026

Форензичкиот психолог ѝ дијагностицираше на АМБЕР ХЕРД гранично растројство на личноста: „Лицата со БОРДЕРЛАЈН се склони да ги злоупотребуваат своите партнери!“

Уште еден пресврт во судскиот процес за клевета против поранешниот сопружник на Амбер Херд – Џони Деп: „Оние кои страдаат од борделајн можат да дејствуваат на насилен начин и физички и психолошки. И тие често се склони да ги злоупотребуваат своите партнери“.

Правната битка меѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжува.

Сега главен збор има форензичкиот психолог што го ангажираа адвокатите на Деп за да утврдат во каква состојба на умот се наоѓала госпоѓа Херд.

Шенон Кари, експертка специјализирана за посттрауматско стресно нарушување работејќи со американски ветерани, ги проучуваше документите на случајот и имаше 12-часовно интервју со актерката минатиот декември, кое откри дека хероината на Аквамен има гранично растројство на личноста. Според сведочењето, некои симптоми се однесуваат на „вродениот гнев и непријателство“, склоност кон „нестабилност на расположението“ и „лицемерие“. Во пракса, ова предизвикува серија повторувачки однесувања: „Оние кои страдаат од борделајн можат да дејствуваат на насилен начин и физички и психолошки. Тие често се склони да ги злоупотребуваат нивните партнери“.

Меѓу сведоците се најде и Тара Робертс, која 15 години управувала со приватниот остров на актерот на Бахамите и ги раскажала кавгите на сопружниците. Жената се сеќава на физичкиот напад на Амбер Херд врз Џони Деп и навредите упатени кон него, вклучително и заканата дека ќе умре сам.

Конечната одлука на судиите кој е во право а кој е виновен ќе се знае за околу шест месеци колку што трае рочиштето.

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо
Се вчитува....