13:39 - 8 април, 2026

Цеца одговори на прозивките на Аца Лукас: Сите тие работи се лесно проверливи!

Пејачката Цеца Ражнатовиќ денеска се појави на снимањето на „Ѕвезда Гранда“, а по тој повод ја коментираше изјавата на Лукас за нивниот однос.

Таа дојде во тесен црн фустан, а едноставноста ја искомбинира со долги чизми и чанта со војнички принт, како и очила за сонце.

Таа им се обрати на насобраните медиуми, а потоа ги коментираше наводите на Аца Лукас дека нејзината компанија стои зад неговите проблеми со Алексадр Радуловиќ Фута за авторските права:

– Нема да коментирам за тоа. Сите тие работи се лесно проверливи. А бидејќи се занимавате со истражувачко новинарство, направете истражување и сами ќе донесете заклучоци – изјави Цеца за Гранд.

Да потсетиме, со години се шпекулираше дека пејачот се скарал со Цеца, а во едно неодамнешно интервју тој отворено откри каков е неговиот однос со колешката:

– Јас и Цеца не сме скарани, но не се слушаме. Ќе ѝ кажам многу ако некогаш ја сретнам и таа ме праша за тоа. Сè уште ништо не ме прашала, но дека не е добро, не е. Тоа е затоа што дознав дека ми прават некои лоши работи преку неа и нејзината фирма. Не може ни да ме праша за тоа, бидејќи многу добро знае дека јас го знам тоа и мислам дека е најдобро вака – изјави тој во емисијата „Претрес“.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....