8.8 C
Скопје
23:16 - 27 октомври, 2026

„Бев бремена и ми помогна да се спуштам од планина“: Сара Мејс неутешна по загубата на миленикот

Сара Мејс е неутешна по загубата на Атос, нивниот миленик кој беше член на нивното семејство.

Пејачката и харфистка неодамна објави апел на Фејсбук до пријателите да им помогнат да се најде Атос, кој се загуби во околината на селото Лупиште каде што е нивната семејна викендица.

Денес, таа раскажа срцепарателна приказна во која се присетува како миленикот ѝ помогнал кога била бремена.

„Ќе фалиш бескрајно. Ти не беше куче, ти беше кучето човек… дел од целото наше постоење…. Присутен на сите важни и неважни моменти за нас, другар со сите наши другари, чуван од цела фамилија како прво дете во ова семејство, сакан од сите …

Ти не беше само миленик, ти беше моето прво запознавање со толку неверојатно нешто како тебе…
Куче со карактер, со срце планина, најголем другар во Универзумот… Никогаш нема да заборавам една случка, бев 9ти месец трудна со Илина и тргнавме да се качуваме на планина… Се качивме што се качивме, ама за симнување не можев чекор да пуштам. Атос се врати по мене, се залепи до мене цврсто и така се спуштивме, јас потпирајќи се на него….

Буквално ме спушти до доле. Ете такво куче беше Атос… Фраериште. Така и си замина, со стил. Никогаш нема да си заборавен! Ќе се сретнеме пак. До тогаш, ќе болиш секој ден“, напиша Сара Мејс.

Таа и водителот Димитар Атанасовски ги имаат децата Илина и Кирил кои од мали поминуваат доста време со милениците и во природа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....