06:25 - 8 април, 2026

Андрија Милошевиќ му посвети трогателни зборови на својот син: Љуби! Тешко е, ќе мислат дека си слаб

Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ му посвети посебни стихови на својот син Реља, а со својата трогателна порака воодушеви бројни следбеници.

”Мораш да живееш. Мораш. Нема тука сакам-не сакам. Дојде, тука си, сакаше. Сега диши. Зборувај, размислувај, лути се, смеј се, уживај, не уживај, надевај се, разочарувај, омажи се, разведи се, тагувај, учи, патувај. Раѓај, закопај, чекај, побрзај, успори, јади, гладувај, погледни ги ѕвездите. Да, да, толку си мал. Мораш да љубиш, мораш. Љуби. Тешко е, ќе мислат дека си слаб. Ќе те напаѓаат, ќе го препознаат човекот во тебе. Поради тоа ќе ти се смеат“, рекол Андрија и додал: „Тогаш пак погледни ги ѕвездите“. „Да, да, толку си голем“.

Андрија беше инспириран да даде ваква емотивна објава од студентските протести во Србија.

„На нашата младина и на сите оние кои не ги затворија своите срца за љубовта, душите за вербата во подобро утре и силата да истраат во она во што веруваат! Посветено на Реља, посветено на верата, посветено на студентите“, напиша тој во описот.

На објавата на Андрија веднаш реагираа неговите колеги, меѓу кои и Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која глумеше со него во хумористичната серија Андрија и Анѓелка.
„Браво тато“, напишала кратко таа. „Само што престанав да плачам и сега пак ќе плачам“, „Одамна не сум слушнал ништо поубаво. Благодарам“, „Ова се зборови за сите деца“, беа коментарите од неговите фанови, трогнати од неговата емотивна порака.

Актерот и неговата сопруга, исто така актерка, Сандра, станаа родители во февруари 2022 година.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....