18:04 - 7 април, 2026

„Запишете ми го бројот, приведете ме утре“, Аца Лукас ѝ се обрати на полицијата од полниот клуб на Копаоник

По апсењето во Брус, Аца Лукас синоќа одржа презакажан настап на Копаоник.

Лукас пред два дена беше запрен од сообраќајна полиција на пат кон Копаоник, по што утврдила дека возел без возачка дозвола, но и дека носел недозволени супстанции, по што го привеле.

Пејачот ја помина ноќта во притвор, а поради тоа неговиот менаџер мораше да го откаже настапот во познат клуб на Копаоник кој беше закажан за таа вечер.

Лукас не сакаше да ги изневери своите обожаватели и веднаш по излегувањето од полициската станица вчера закажа втор настап за истиот ден.

Пејачот синоќа пееше пред полн клуб, а во еден момент откако ја испеа хит песната „Запишите ми број“ (а стиховите гласат – „запишите ми број, приведите ме сутра“) ѝ се обрати на полицијата од Брус.

принтскрин

„Аца Лукас на полицијата во Брус ѝ посакува среќна работа вечерва. Некој мора да работи, а некој ќе пее“ – рече Лукас, додека публиката се смееше.

инстаграм

 

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....