2.8 C
Скопје
13:52 - 23 декември, 2024

Профил на проф. д-р. Павле Митревски (91): Творештво поголемо од еден човечки живот

Кон делото на историчарот проф. д-р. Павле Митревски.

Во современата македонска историографија името на проф. д-р. Павле Митревски и неговото дело посветено на историјата на Македонија и на македонскиот народ, со посебен акцент на Охридско – струшкиот регион, заземаат сосема заслужено и значајно место. Ако се знае дека тој и припаѓа на втората генерација македонски историчари научници, тогаш со право можеме да истакнеме дека Митревски доследно и темелно се потпира и инспирира од делата на првата генерација македонски научници  – историчари на чело со академик Љубен Лапе, потоа академик Александар– Цанко Христов, Даниlо Заграфски , Методија Соколовски и други,, кои заслужено и одговорно ги удрија (за првпат) темелите на современата слободна македонска историска научна мисла. Неговото творечко кредо, поточно неговото трајно вјерују засекогаш остана забележано дека само   со сочуваните (а толку многу уништувани документи низ вековите за Македонија и за македонскиот народ) може да се проникне во суштината, поточно во срцевината на историската вистина што патувала и патува низ времето. Во прилог на ова ќе ја интерпретираме филозофската мисла на големиот Ѓерѓ Лукач кој вели дека историјата не ја прави водачот, туку ја прават оние што го издигнале него на тоа рамниште, а тоа се историските настани.  Тоа треба да се подвлече дека истакнатиот историчар Павле Митревски ова правило го практикува во неговата научна и авторска дејност.

Изникнат од полето на планината Јабланица, својата вечна и вековита инспирација ќе ја пронајде (како најдобриот рудар ) во навидум „локалните„ односно „малите„ теми, кои всушност, тие во основа и подеднакво се исто толку и универзални и уште повеќе толку потребни за вистинската наука, особено и посебно за македонската соремена историографија. Оттука, ја користиме оваа определба да проникнеме во неговото историографско творештво, кое, се разбира, може да се подели на следните тематски целини:

  1. Настаните од подалечното минато (над цел еден век) за сѐ она што се случувало, односно се одигрувало во Охридско – струшкиот регион (особено на национално црковен план);
  2.  Историските случувања во истиот овој исклучително значаен македонски дел од  севкупната крвава историја на Македонија меѓу двете светски војни и настаните поврзани со револуционизирањето на македонскиот народ од комити и војводи до силните и докажани слободољубиви комунисти и партизани и,
  3. Неговата особено силна љубопитност и страст да го собере целото неуништено историско наследство и документација од окупаторите во охридско струшкиот регион и, сето тоа одговорно систематизирано и прокоментирано да и го понуди на современата македонска историска научна мисла.

Кога кон погорните (наши) одредници, односно тематски преокупации и остварени целини на проф. д-р. Павле Митревски, со кои и според кои, зазема свое заслужено место меѓу македонските историчари, ќе се додаде и „излетот„ во животот и делото на „нашинецот„ великиот научник Михајло Пупин, тогаш влогот на авторот Митревски ги надминува и надвишува македонските историски граници и станува дел, односно спој, партиципирајќи ја и збогатува современата српска историографија. А, тоа ќе рече како ретко кој македонски историчар, Митревски наголемо е славен и цитиран во соседната српска современа историска наука.

Кон погорното го додадовме уште и следното со своите петнаесеттина наслови на објавени книги од кои само неколку ќе истакнеме меѓу кои во оваа прилика посебно ја истакнуваме книгата  „Занаетчиството во охридско- струшкиот регион (1918 – 1970)„ потоа „Студентската колониија во Охрид (1938/39 год)„ од која се развија исклучително значајни македонски партизани- сонцељубиви победници и ослободители на Македонија, како и „Охридската гимназија (1913- 1944)„ , но и трите неодминливи наслови на книги со историски прилози и студии за охриски- струшкиот реон на најдобар начин го потврдуваат неговиот научен пат и пристап како одговорен истражувач на крвавите историски настани и прилики во овој револуционерен регион (Охрид- Струга и пошироко), се најдобрата потврда за тоа дека историското творештво на проф. д- р. Павле Митревски, на немусвојствен творечки афинитет ја потврдуваат онаа мисла на филозофот Ѓерѓ Лукач дека нема мали и големи теми што треба да ги забележи историјата, туку има само автори што тоа може да го остварат во своето творештво.

И, за крај, уште нешто, Павле Митревски ја збогати македонската историографија со над петнаесетина наслови на свои книги, но кога кон нив ќе се додаде и податокот дека тој напиша и објави во списанија и зборници уште стотина научно-сртучни прилози од историјата на Охридско-струшкиот регион, тогаш целосно се комплетира неговото дело и правилото дека зад човекот останува само напишаното, односно оттргнатото од заборавот на времето…

На крајот да се доречам како и што почнав, Павле Митревски е човек од посебен сој, зашто неговата љубов кон новинарството, односно како припадник на „седмата сила„ со децении пишуваше за Охрид во најстариот дневен весник на Балканот-Политика од Белград. Точно поради ова, ни еден хроничар не ќе може да пишува за развојот на културата на древниот Охрид, ако максимално не ги цитира неговите исцрпни новински извештаи и сериозни коментари. И, ова, ете е карактеристика што го краси делото на нашиот Павле Митревски…

А, тоа, се разбира, е доволно за еден човечки живот каков што е овој на проф. д-р. Павле Митревски. Да си ни жив и здрав до стотата година, тоа е благословот содржан во овој скромен прилог за тебе…

Авторот е новинар и публицист.

Насловна фотографија Охридњуз

Слични објави

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо
Се вчитува....