15:00 - 19 ноември, 2026

„Животот би го дала за Душко“: Како Јелена Карлеуша зборуваше за пријавениот во полиција сопруг

Пејачката Јелена Карлеуша рано утринава околу 5:15 часот пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, пишува Курир.

Јелена неодамна проговори за својот се уште легален сопруг и откри дека сè уште има силни чувства кон него.

Таа истакна дека не се развела од фудбалерот, и дека се уште живеат заедно, што ја шокираше јавноста.

– Се уште сум во брак, со Душко живееме заедно. Сите мислат дека не живееме, но не е така. И да сме се развеле, има луѓе кои се разведуваат и живеат заедно. На пример, кога мама и тато се разведоа, живееја заедно долги години… Дури потоа се разделија. Мислам, тоа е луда куќа – истакна Јелена, а потоа призна дека на нејзиниот сопруг не му се допаѓа кога го спомнува во медиумите.

– Морам да кажам дека на Душко не му се допаѓа кога јавно го спомнувам, додаде пејачката, а потоа рече дека без оглед на сите околности ќе го даде животот за него.

– За Душко би скокнала, не на еден, туку на десетмина! На 10 пиштоли! Би го дал животот за него бидејќи тој е татко на моите деца и ништо не може да го промени тоа. Ниту неговото однесување, ниту што и да прави – изјави Јелена Карлеуш неодамна во емисијата „Ексклузивни ноќи“.

Но, очигледно не мислела баш така, штом утрово го пријавила во полиција за семејно насилство.

Јелена Карлеуша и пријател нападнати од Душко Тошиќ утрово: Полицијата интервенирала, фудбалерот бил пијан

Слични објави

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.
Се вчитува....