9.8 C
Скопје
09:18 - 24 март, 2026

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

Пејачката Тамара Волческа се отвори за нејзиниот однос со колешката Ивона Јо и раскажа зошто веќе не се блиски како порано. Волческа откри дека таа и Ивона заедно живееле.

Пејачката за „Хајп“ ТВ откри дека нивното пријателство згаснало.

„Тоа остана некоја си јавна тајна или јавна дискусија. Едноставно во животот привлекуваме луѓе со некаква цел. Тоа ми беше мислата и кога нивната цел ќе заврши за нас и во нашиот живот, тогаш по природен пат се филтрираат тие луѓе и се менуваат патиштата. ​Едноставно едниот трга на една страна, другиот трга на друга страна. Ние доста сме научиле една од друга, од убави до лоши работи, од споделување до тага, до среќа и до сè останато. Јас сум преблагодарна за тоа и за целата поддршка којашто сум ја добила од неа лично и буквално сме живееле заедно и сме биле дел една од друга. Така што сум навистина преблагодарна и ја посакувам целата среќа на овој свет. Со причина се случува сè што се случува, така што нема тензија, нема негативна енергија. Секој си го води својот пат онака како што знае, како што сака и што е најбитно како што одбира, затоа што на крајот од денот одбираме како го одиме нашиот пат“, рече Тамара за Ивона, а потоа додаде дека од неа добила честитки за свршувачката и за свадбата.

„​Секако дека доби честитка и драго ми е и навистина се радувам. Пак ќе кажам, секој на крајот си ја заслужува својата среќа“, рече пејачката. Потоа раскажа дека едно утро се разбудила и добила порака со хаштагови #ТимТамара. Волческа рече дека се изненадила кога видела дека луѓето завземаат страни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPE TV MK (@hypetv.mk)

Слични објави

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо
Се вчитува....