15:20 - 8 април, 2026

(Фото) Водителката Здравкица се врати од Србија во Македонија и се подмлади, еве како изгледа сега

Водителката Здравкица Милиќ се омажи во Србија, па се врати во Македонија, а причината е важна и интересна.

Нејзината телевизиска приказна започна во 1999 година на телевизија Канал 5, каде што Здравкица го водеше интерактивниот квиз со наслов „Погоди и земи“, кој траеше околу две години.

Потоа, таа најмногу се пронајде во емисијата „Скај селекшн“ за која има речено дека најмногу се пронашла и дека останала како нејзин личен печат.

Здравкица беше дел и од Метрополис радио, и тоа осум години, од самите почетоци на радиото. Таа имаше тригодишна медиумска пауза, во периодот кога ја доби ќерката Маша и се пресели во Србија.

Здравкица пред 13 години се омажи за Војислав Милиќ со кој има ќерката Маша која има 12 години и заедно живеат во Белград. Сега таа се врати во Македонија, а причината е нејзиниот телевизиски ангажман во емисијата „Животна приказна“.

Водителката живее во Белград, а доаѓа на снимања во Скопје, а на најновата фотографија, покажа дека изгледа одлично и подмладено.

Фото / Фејсбук

– По речиси шест години пауза од ТВ-екраните, навистина ми е драго што добив понуда за еден ваков сериозен проект. Благодарна сум, пред сè, на луѓето што ми ја дадоа довербата токму јас да бидам водител на една ваква емисија.

Во Белград сум пет години и можам да кажам дека се навикнав уште од самиот почеток, бидејќи ние се селевме неколкупати, а јас сум личност што секаде лесно се адаптира.

Маша има 12 години, веќе е голема и нема да кажам дека сме најдобри другарки, бидејќи мора да постои однос на родител и дете, но ми е најубавото друштво и уживам во нејзиното растење. Таа е активно дете, тренира одбојка, игра фолклор и пее во црковен хор – рече Здравкица во интервјуто за „Слободен печат“.

Здравкица со ќерката Маша Фото / Приватна архива

 

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....