11:32 - 8 април, 2026

Внукот на Раде Шербеџија наполни 18 години: Сите зборуваат колку е убав Сергеј

Раде Шербеџија

Во семејството Шербеџија деновиве владее посебна радост, бидејќи внукот на прочуениот актер Раде Шербеџија, Сергеј, наполни 18 години. Јавноста не престанува да зборува за тоа во каков убавец израсна, а многумина истакнуваат дека го наследил шармот од својот татко.

Раде Шербеџија е горд дедо на седум внуци. Иван, Павле и Кала се деца на неговиот син Данило, додека ќерката Луција ги има синот Сергеј и ќерката Анастасија – Настја. Од ќерката Нина го има внукот Горјан Дана, а од Вања, која живее во Лондон, ја има внуката Мара Ленка.

Сергеј неодамна стана полнолетен, а по тој повод неговата мајка Луција се огласи на Инстаграм со емотивна порака:

„Ова момче, најпрекрасно на светот, денес е полнолетно. Уф, горда сум до вселената.“

инаки, Луција Шербеџија синот го доби во бракот со поранешниот сопруг, режисерот Филип Гајиќ, на кого Сергеј и физички наликува. Гајиќ во јавноста важи за фатален маж, на кого многу познати дами не останале рамнодушни, а со актерка која е 23 години помлада од него има добиено дете.

Од фудбал до музика и глума

Во детството Сергеј тренирал фудбал, но подоцна се свртел кон музиката.

„Ја откри мојата гитара и го наговори дедо му да го запише на Рок академија. Сега свири од утро до мрак. Се шегуваме дека имаме свој Боб Дилан. Освен тоа, се запиша и во драмско училиште“, изјави Луција во една прилика.

Во интервју за списанието „Глорија“, таа истакна дека нејзиниот татко, легендарниот Раде Шербеџија, е прекрасен дедо.

„Кога ќе дојде во Загреб, ги обиколува сите внуци, им носи подароци, ги храни. Неверојатен е. Тоа навистина го исполнува – вистински семеен човек. Не секој имал среќа да расте со такви родители.“

Фотографиите од внукот на Раде можете да ги поглендете ТУКА.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....