04:53 - 8 април, 2026

(Видео) Тејлор Свифт го прошета новиот дечко, новинарот што ги сними остана без зборови

Американскиот новинар Џерет Пејтон, кој го сними првото јавно појавување на Тејлор Свифт со новото момче изјави дека ги имал најлудите 24 часа во неговиот живот.

Пејтон ја сними Свифт како заминува од НФЛ натпревар во Канзас заедно со една од најголемите ѕвезди во овој спорт, Тревис Келси.

Оваа снимка од неколку секунди објавена на профилот на Пејтон на Икс, била прегледана над 15 милиони пати за 24 часа.

„Бев на вистинското место во вистинското време. Ова беа најлудите 24 часа во мојот живот“, изјави Пејтон.

Свифт го следеше мечот Канзас-Чикаго од ложата на стадионот „Ероухед“, заедно со мајката на Келси. Пејтон ги снимил Свифт и Келси додека чекал пред соблекувалната на домашниот тим.

„Почнав да снимам со мојот ајфон и тие поминаа покрај мене секунда и пол подоцна. Свифт ме поздрави со лежерно „еј“ и ме остави без зборови“, изјави Пејтон, кој работи за една телевизија од Чикаго.

Досегашните познати момчиња на Свифт главно беа Британци, како актерите Том Хидлстон и Џо Алвин и пејачот Хари Стајлс.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....