20:23 - 9 февруари, 2026

(Видео) Мишел Јео ја посвети SAG наградата на „Секое мало девојче што е како мене“

„Ова не е само за мене. Ова е за секое мало девојче што е како мене“, рече Мишел Јео додека ја примаше наградата за филмот „Сè насекаде одеднаш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AlloCiné (@allocine)

Во неделата на доделувањето на САГ наградите, Мишел Јео ја освои наградата за најдобра актерка во главна улога за нејзината изведба во филмот „Сè насекаде одеднаш”. Други номинирани во категоријата беа Кејт Бланшет (Tár), Виола Дејвис (The Woman King), Ана де Армас (Blonde) и Даниел Дедвилер (Till).

На својот говор за добиената награда, Мишел Јео се расплака и ненадејно опцу кажувајќи го зборот “с—-” од радост . Публиката на тоа се насмеа и ѝ даде громогласен аплауз.

„Благодарам, благодарам, благодарам“, продолжи Јео. „Ова не е само за мене. Ова е за секое мало девојче што е како мене. Тука сме затоа што го сакаме она што го работиме и никогаш нема да престанеме да го правиме тоа затоа што најмногу ни значи. Благодарна сум за оваа награда, имајќи во предвид колку луѓе би дале сѐ за да бидат на моето место во овој момент“.

Јео претходно изјави за „Пипл” дека се надева дека публиката ќе открие работи за неа преку нејзината уметност. „Секогаш кога снимам филм, се надевам дека публиката ќе открие нешто ново за мене“, рече таа во април 2022 година.

„Она што навистина уживав да го правам во овој филм беше физичката комедија, што навистина не сум ја правела досега” – изјави Мишел Јео. Таа додаде дека се чувствува охрабрена и возбудена во овој период од нејзината кариера.

 

Слични објави

Неочекувано изненадување: Оженетиот дечко на Милица Тодоровиќ ѝ испратил трубачи пред зграда?

Еспресо

(Фото) Се појави фотографија од Душко Тошиќ и непозната девојка, нејзината порака предизвика хаос на мрежите

Еспресо

(Фото) Сите на нозе: Миле Китиќ направи хаос на вечера во Доминиканска република

Еспресо

(Фото) Не ја кријат романсата: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон разменија нежности на Супербоул

Еспресо

Пред годишнината од смртта на Саша Поповиќ откриена вистината за односот со Лепа Брена: „Таа имаше своја…“

Еспресо

Наташа Алимпиќ открива: „Харис е женкар, но знае како да ги угоди – сега сум љубоморна и лута на него“

Еспресо
Се вчитува....