13.8 C
Скопје
15:46 - 28 октомври, 2026

(Видео) „Клошару еден, пушти ме да излезам!“ Кристијан Голубовиќ во кавга со сестра му

Победникот на реалното шоу „Фарма“ Кристијан Голубовиќ се најде во центарот на вниманието отлако се скара со сестра му Кристина, а сѐ било снимено од неговата партнерка Кристина Спалевиќ.

Според снимката, кавгата настанала поради пребрзо возење, а Кристина го молела брат ѝ да го запре автомобилот и да ја пушти да излезе.

Иако на видеото кое го објави Спалевиќ се чини дека Кристијан возел брзо, таа напиша дека брзината била 65 км/ч.

Те молам немој, овде излегуваат и деца, не си играј кога те молам. Брат, застани, ќе загинеме, бато, што ти е? Ќе ми застане срцето. Немој, те молам, застани. Немој да си играш. Застани, застани, отвори ја вратата, сакам да излезам, пушти ме надвор – викаше Кристина на цел глас, а Кристијан цело време се смееше и на крајот ѝ рече да седне:

– Кристина, ова е добро возење – рече Голубовиќ.

Кристина Спалевиќ, која била на совозачкото место, цело време се смеела заедно со Кристијан, додека неговата сестра Кристина се смрзнала од страв. Спалевиќ го објави видеото на социјалните мрежи заедно со пораката:

„Ги чуваме легендарните клипови да не бидат заборавени.”

Сестрата на Голубовиќ често е главен актер на видеата кои Кристина и Кристијан ги објавуваат на социјалните мрежи, па покрај на брат ѝ знае да ѝ се развика и на снаата, а во една прилика дури ѝ се закануваше дека ќе ѝ удри шлаканица.

Слични објави

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо
Се вчитува....