10:10 - 18 ноември, 2026

(Видео) Цеце Николова самоуверено позираше во костим за капење: „Мојот маж го заслужува најдоброто, затоа постојам“

Македонската инфлуенсерка Цеце Николова ужива во последните летни денови, а дел од атмосферата покрај базен ја сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Николова објави видео во кое самоуверено позира во впечатлив дводелен костим за капење – со розов горен дел и долен дел со зебра-дезен. Покрај нејзиното летно издание, внимание привлече и пораката испишана на видеото.

„Мојот маж го заслужува најдоброто, затоа постојам“, гласи пораката, со која Цеце на духовит начин ја истакна својата самодоверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova 🍭 (@nikolova.cc)

Во описот на објавата, пак, таа додаде: „Ова е премногу ‘Девица’ од моја страна“, алудирајќи на својот хороскопски знак и на високите стандарди што во астрологијата често им се припишуваат на Девиците.

Николова и претходно отворено зборуваше за самодовербата и прифаќањето на сопствениот изглед. Таа со години јавно го споделува своето искуство со алопецијата, како и патот од периодот кога ја криела состојбата до моментот кога решила да се прифати таква каква што е.

Денес таа неретко се појавува во јавноста и без перика, а преку своите објави на социјалните мрежи покажува дека убавината и самодовербата не мора да се вклопуваат во наметнатите стандарди.

Слични објави

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.

Хороскоп за 18 ноември: Скорпии, ќе бидете незадоволни од деловните резултати

Еспресо

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.
Се вчитува....