7.8 C
Скопје
01:45 - 24 март, 2026

Уапсен тиктокерот Мирза Хатиќ: Познат и по обидот за рекетирање на Халид Бешлиќ

Мирза Хатиќ синоќа беше уапсен, а информацијата ја потврди неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ за порталот „Аваз“.

Според извештаите, Хатиќ е уапсен поради загрозување на безбедноста.

Босанските медиуми го нарекуваат „босанскиот Кристијан Голубовиќ“ и „поранешен затвореник, а сега тиктокер и јутјубер“.

Да потсетиме, Мирза Хатиќ беше поврзуван со старлетата и реалити ѕвездата Маја Маринковиќ, рушеше крст, сакаше да влезе во реалити шоуто Задруга, а порано ја навредуваше и јавната личности Кристијан Голубовиќ и Бака Прасе.

Исто така, во јавноста се поврзува со обид за рекетирање на Халид Бешлиќ. Тој во септември 2023 година беше ранет во Сараево.

– Ако некој мисли дека може со два куршуми да ме запре, тешко. Ќе ви требаат 30 куршуми – порача тој од болница по нападот.

Хатиќ беше поврзуван со Маја Маринковиќ, но старлетата веднаш по инцидентот изјави дека не го познава.

– Не сум запознаена што се случило. Не го познавам човекот, се сликал со мене еднаш кога се сликаа многу луѓе во Сараево, ништо повеќе од тоа – рече таа.

Сепак, таа не е единствената јавна личност со која Мирза Хатиќ имал „историја“ во реалити светот.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....