11:46 - 8 април, 2026

Теа Таировиќ уапсена на аеродром во Германија: Пречекорила три дена во Шенген зоната

Популарната српска пејачка Теа Таировиќ, која ја  нарекуваат „кралица на бакшишот“, утрово е уапсена на аеродромот во Германија, а причината за нејзиното притворање наводно е пречекорување на дозволените работни часови во таа земја.

Пејачката синоќа настапила во популарен клуб, и направила добра забава. Ја кренала публиката на нозе со сексапилниот танц и со изведбата на нејзините хитови, па на крајот и публиката запеала заедно со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Доказ дека не е се како што планирала пејачката, е тоа што утрово на аеродромот во Германија се нашла во многу незавидна ситуација, кога била уапсена и приведена, но по неколкучасовен притвор била пуштена на слобода.

Пејачката е ослободена по неколкучасовно испрашување, што за медиумите го потврди и нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ.

– Така е, ја пуштија. Ја приведоа затоа што пречекорила три дена во Шенген зоната. Нејзиниот пасош е многу полн бидејќи многу патува и работи, поради што процедурата трае подолго. Пред две недели дојде до пропуст, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е во ред – изјави менаџерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....