5.8 C
Скопје
00:51 - 3 март, 2026

Страшни детали од истрагата за убиството на младата Ноа, осомничениот ги згрозил и истражителите со својата вознемирувачка изјава

Страшни детали излегуваат од истрагата за убиството на Ноа Миливојев (18) во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми наводно девојката била задавена, а потоа расечена на парчиња кои убиецот ги ставил во неколку кутии со хемикалии, сакајќи да ги уништи. Истражителите биле шокирани кога осомничениот им рекол дека не можел да ја уништи главата затоа што многу ја сакал.

„Ја сакав Ноа, не можев да ѝ го уништам лицето“, наводно изјавил, О.Д.(33), кој е осомничен дека брутално ја убил својата девојка Ноа Миливојев (18) кој по професија е информатичар.

Српските медиуми пишуваат дека осомничениот убиец е сопственик на дури три програмски компании.

„Дипломирал телекомуникациски електротехничар. Има многу добри приходи со оглед на тоа што поседува програмски компании, вели извор за Нова.рс.

Инаку, О.Д., денеска беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде со молчење го оствари правото да се брани. Обвинителот предложи да му се одреди притвор.

О.Д., пред неколку години имал сообраќајна незгода во која му биле тешко повредени нозете и поради тоа користи патерици.

„Пред неколку години имаше сообраќајна несреќа, во која му беа повредени нозете. Никогаш не се опорави целосно. Мускулите на нозете му атрофираа, поради што мораше да оди со помош на патерици“, рекол извор.

Ноа Миливојев е трансродова личност, а е родена во Ковиле кај Нови Сад. На нејзиниот профил на социјалните мрежи, најмногу на „Тик-ток“, ја следеа голем број луѓе со кои споделуваше детали од својот живот.

Нејзиното тело беше пронајдено во стан во центарот на Белград.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....