19:02 - 8 април, 2026

(Фото) Старлетата ја напушти Србија откако била објавена нејзина снимка со убиецот од Младеновац: „Бев во некоја безвезе состојба, не знаев дека таа личност била кај мене…“

Озогласениот српски масовен убиец Урош Блажиќ (21) кој неодамна уби осум лица и рани 14 во полноќен напад со автоматско оружје во село кај Младеновац, на социјалните мрежи се фалел дека се дружи со извесна Дениз Дејм, поранешна учесничка на популарното реално шоу  „Задруга“.

Но Дениз веднаш се спакувала и ја напуштила Србија, по страшниот настан. Подоцна се огласила на социјалните мрежи.

– Повторно се случи голема, страшна трагедија и повторно се најдов во епицентарот, за жал. Повеќе не сум во Србија. Мојот телефон постојано ѕвони. Би ја замолила „седмата сила“ да не контактира повеќе со мене во врска со оваа трагедија сега кога поминаа деновите на жалост. Не сакам да давам повеќе изјави додека ова не се заврши – истакна старлетата во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

– Веќе реков што имав да им кажам на новинарските екипи кои дошле до моите фотографии и снимки. Јас дотогаш воопшто не знаев дека таа личност била кај мене. Дури кога ги видов фотографиите се сетив и многу се шокирав – додала Дениз.

Но тука не застанува, туку продолжува со објаснување:

– Јас тогаш бев во некоја безвезе состојба и не се сеќавам многу. Не сум зборувала ништо експлицитно, кој со кого и што. Јас со тоа момче не сум била во врска никогаш. Толку од мене.

Слични објави

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо
Се вчитува....