8.8 C
Скопје
23:09 - 23 март, 2026

Сите ја бараат Ана Николиќ: По скандалот со менаџерот, интересот за пејачката е огромен!

Поради скандалот кој со денови ја тресе естрадата, а се однесува на бурнoто деловно раскинување меѓу Ана Николиќ и Саша Мирковиќ, кој ги откажал сите нејзини концерти во следниот период кои биле веќе договорени, интересот за Ана во клубовите не е намален, туку напротив – зголемен.

Според извор на српски Курир, луѓето сега масовно се јавуваат и прашуваат зошто нема да има настап на Ана во клуб во Црна Гора.

– Од тимот на Мирковиќ нè известија дека Ана нема да пее во нашиот клуб бидејќи престана да работи со неа и ги повлековме сите огласи, но дури тогаш почна хаосот. Луѓето почнаа да ни пишуваат пораки на социјалните мрежи и да ни се јавуваат за тоа, прашувајќи зошто таа нема да дојде да пее. И не знаеме што да правиме сега. Ако луѓето продолжат да ни се јавуваат и да бараат Ана да дојде да пее кога е најавена, ќе мора некако да стапиме во контакт со неа и да видиме дали има шанса да ги исполниме желбите на посетителите – вели соговорникот на Курир, инсистирајќи да остане анонимен.

Да потсетиме, скандалот меѓу Ана и Мирковиќ започна во саботата, кога таа на Инстаграм објави дека тој е нечовек кој се обидел да манипулира со неа. Одговорот на Саша беше дека тој само побарал од Николиќ да оди на лекување од алкохолизам и дрога, а потоа почна да објавува нејзини приватни фотографии и видеа на кои се гледаат лузни и „кратери“ на нејзиното лице. После неколку дена пејачката конечно се огласи и рече дека се чувствува добро, дека му е благодарна на Мирковиќ за соработката, а потоа се пошегува и додала дека ќе одржи концерт во Арена, но не знаела на кој датум.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....